-->
-->
Аеродром се противи на двојазичноста- само околу 400 луѓе на митингот на СДСМ
-->
И вториот митинг на опозициската коалиција предводена од СДСМ доживува целосно фијаско.
Откако вчера нешто помалку од 4.000 граѓани дојдоа на првиот митинг на СДСМ во Прилеп, кој мина без еуфорија, со многу навреди, клевети и црна кампaња, слабиот интерес за собирите на опозицијата продолжува и денеска.
Имено, само околу 400 луѓе дојдоа на митингот на СДСМ во скопската населба Аеродром, од кои најголем дел што беа на претходниот митинг во Кисела Вода, се пренасочиjа кон Аеродром. Само 400 луѓе се дојдени да го слушаат Заев, во општина која има над 100.000 жители. Информациите на терен велат дека најголем дел од луѓето на митингот се дојдени од Кисела Вода.
Со ова, Аеродром јасно покажува дека силно се противи на двојазичноста која ја најавува опозицискиот лидер Зоран Заев и граѓаните гласно порачуваат дека се за суверена и унитарна држава, а не за бинационална и редефинирана Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени