Аеродромец стана милионер од Државна видеолотарија

Државната видео лотарија на Република Македонија во јули го доби третиот добитник на добивка Милионер џек пот на Државна видеолотарија на РМ.
Добивката во вредност од 1.273.356,00 денари е освоена во неделата, на 3 јули, а среќниот играч кој стана милионер, добивка ја освои во клубот Сенатор во општина Аеродром во Скопје.
Претходните две добивки Милионер џек пот беа во вредност од 1.386.925,00 и 1.344.472,00, а беа освоени во текот на првиот месец од активирањето на ЏЕК ПОТ добивките на Државна Видеолотарија на РМ кај деловните соработници.
Добивките Џек пот, Државна видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1 јуни. Само во првиот месец, покрај првите два Милионер џек пота, има и над 400 Мини џек пота, од кои 226 се освоени во Спортлајф, а останатите кај другите наши деловни соработници.
Добивките Џек пот се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Мини џек пот добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека Милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.500.000,00 денари.
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
