Аеродромот на Сицилија затворен поради активност на вулканот Етна

Меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија и денеска е затворен поради вулканската активност на Етна, а летовите се пренасочуваат на аеродромот во Палермо.
Авиокомпаниите организираат автобуски превоз за патниците. На аеродромот во Сицилија слетуваат и полетуваат авиони на „Рајанер“, „изиЏет“, „Визер“, КЛМ и „Луфтханза“.
Етна вчера почна да исфрла пепел, а аеродромот „Катанија-Винченцо Белини“, што е лоциран 45 километри од вулканот, и вчера беше затворен за авиосообраќај.
Според најновиот извештај од Вулканолошката опсерваторија за воздухопловство, издаден утрово, вулканскиот облак достигнува висина од околу 4.500 метри. Италијанската цивилна заштита на 26 јуни го зголеми нивото на тревога од зелена на жолта боја, откако регистрираше „зголемување на вулканските потреси“. Минатата недела беа објавени и спектакуларни снимки од дрон на кои се гледаат реки лава како течат по вулканот.
Етна, со висина од околу 3.300 метри е најголем активен вулкан во континентална Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
