Агаси го напушти кампот на Ѓоковиќ

Американската тениска легенда Андре Агаси веќе не е тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, јавува американската „ЕСПН“, откако тој работеше како советник и тренер на големите турнир на поранешниот светски број 1.
„Имав само добри намери и се обидов да му помогнам на Новак. Честопати се согласувавме дека не се согласуваме. Му посакувам најдобро во иднината“, изјавил Агаси за „ЕСПН“.
Агаси почна да работи со Ѓоковиќ пред Ролан Гарос минатата година, кога започна драматичниот пад во формата на еднаш доминантниот Србин, „зачинет“ со повредата на лактот поради која пропушти голем дел од сезоната. Претходно, Ѓоковиќ ги отпушти прво Борис Бекер, а потоа и долгогодишниот соработник Маријан Вајда. Сега, Србинот ќе продолжи да работи само со поранешниот чешки тенисер, Радек Штепанек.
Ѓоковиќ имаше неуспешен обид за кам-бек оваа сезона, испаѓајќи во четвртото коло на Австралија опен, додека на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, каде што доминираше во минатото, загуби уште во првото коло.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност, неопходно е координирано дејствување и заедничка одговорност
-

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро
-

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
