Агенцијата за национална безбедност првпат објави јавен оглас за вработување
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) првпат од своето основање објави јавен оглас за вработување, отворајќи ја вратата за сите компетентни и мотивирани граѓани кои сакаат да бидат дел од институција со клучно значење за безбедноста и стабилноста на државата.
Како што денеска соопштија од АНБ, ова претставува историски чекор во насока на транспарентноста и инклузивноста, што ја потврдува определбата на Агенцијата да ги следи највисоките стандарди во процесите на човечки ресурси и да им даде можност на сите граѓани што ги исполнуваат критериумите да станат дел од професионален тим посветен на заштита на националните интереси.
Јавниот оглас се однесува на засновање на работен однос на неопределено време за вкупно осум извршители. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени за конкретните работни места, при што се очекува висок степен на стручност, одговорност и интегритет.
Образецот за аплицирање е достапен на официјалната веб-страница на Агенцијата за национална безбедност - www.anb.gov.mk во делот „Транспарентност“.
- Со оваа иницијатива, Агенцијата испраќа јасна порака дека отвора ново поглавје во начинот на функционирање, градејќи институционална култура која ги препознава вредностите на компетентноста, еднаквите можности и професионалната етика. Ова е повик до сите квалификувани граѓани да се пријават и да станат дел од тимот што ја штити безбедноста на нашето општество.
Дополнително, оваа отвореност кон јавноста претставува значаен чекор кон зајакнување на довербата меѓу институциите и граѓаните. Со воспоставување на транспарентни практики во процесот на вработување, Агенцијата за национална безбедност се позиционира како современа, професионална и одговорна институција, подготвена да се соочи со безбедносните предизвици на денешницата со капацитети и кадар кој ги отсликува вредностите и потенцијалот на нашето општество, се наведува во соопштението од АНБ.
Ново на Сител
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер