Ахмадинеџад се кандидираше за претседателските избори во Иран
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ја пријави кандидатурата за претседателските избори во Иран што ќе се одржат на 19 мај.
Овој потег на поранешниот ирански претседател се смета за непочитување на авторитетот на лидерот, ајатолахот Али Хамнеј, кој му нареди да не се кандидира.
Пријавувањето на кандидатите за претстојните претседателски избори почна во понеделникот и ќе трае пет денови, а условот за пријавување е да се биде ирански државјанин.
На првиот ден од регистрацијата се пријавиле повеќе од 100 кандидати за претседател на Иран.
Откако ќе заврши пријавувањето, кандидатурите ќе бидат разгледани од страна на Советот на чувари, свештеничкото тело што ќе ги изанализира политичите и исламските квалификации на кандидатите и до 27 април ќе ја објави конечната листа на кандидати.
Советот, имено, не одобрува дисиденти и жени на формалната листа на кандидати.
Кандидатурата ја најавија и Ебрахим Раиси, свештеник кој е близок со ајатолахот Али Хамнеј, и Хамид Багхеј, близок соработник на Ахмадинеџад.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место