Македонија
29. December 2020 - 11:12

Ахмети: 2020 успешна за ДУИ, го презедовме „забранетото јаболко“ МНР

Во синоќешното гостување во емисијата на ТВ Клан лидерот на ДУИ Али Ахмети ја оцени 2020 како успешна година за неговата партија.

- 2020 година на политичкиот план можам да ја прогласам за успешна година. Постигнавме големи цели што ги имавме во последната деценија, како во однос на правичната застапеност во повисоките државни институции, така и во правилното организирање на државните институции, така што слободно можам да кажам дека остваривме значителни успеси, т.е. за Албанците. Министерството за надворешни работи беше забрането јаболко, го презедовме Министерството за финансии, го имаме првиот вицепремиер, ја реализиравме и обезбедивме позицијата премиер како главни стратешки и политички цели на Албанците во Република Македонија,кажа Ахмети.