Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
Ако некој го допре Законот за јазиците, нема да дозволиме да се постават кутии за да се одржат локалните избори. Лидерот на ДУИ од Липково се закани со попречување на изборниот процес.
Ахмети од Липково ја повика коалицијата ВРЕДИ да ја напушти Владата и заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори.
ДУИ е свесна дека има само еден начин да го избегне поразот: да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, порачаа од коалицијата ВРЕДИ во соопштение утрово.
„Ова е нивната последна карта, бидејќи знаат дека Албанците веќе не им веруваат. Самиот Али Ахмети призна од Липково: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Што покажува ова? Дека ДУИ нема ниту идеи, ниту програма, ниту нови луѓе – туку само страв од уценување.“ – се вели во соопштението на ВРЕДИ.
Во ДУИ обвинувањата на ВРЕДИ ги нарекоа апсурдни теории но не демантираа дека се подготвуваат за бојкот на изборите.
„Откако нивни високи функционери беа фатени на дело во корупција, ВЛЕН ја загуби контролата и се однесува како брод без компас. Наместо да дадат одговори за скандалите во кои се вмешани, сега измислуваат апсурдни теории за да го одвлечат вниманието од сопствените афери. Партија чија раководна структура е обвинета за корупција и вмешана во сериозни афери, нема кредибилитет да зборува за другите“ – се вели во краткото соопштение на ДУИ кое следеше како одговор на прашањето дали подготвуваат бојкот.
На ДУИ му е крајно време да сфати дека е во опозиција, порачаа од СДСМ утрово.
Лукаревска вели дека СДСМ забрзано со подготвува за изборите. Посебни тимови ја креираат предизборната програма додека други забрзано вршат мерења на рејтинзи на потенцијалните кандидати.
Во сличен процес е и владејачката ВМРО-ДПМНЕ каде лидерот веќе месец дена е во обиколка на локалните партиски ограноци.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар