Ахмети: Државните интереси да бидат пред партиските
Претседателот на ДУИ Али Ахмети изјави дека претставниците на владејачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска имале разлики во ставовите кои се однесувале на референдумското прашање и оти за него попладневниот дел од средбата бил разочарувачки.
- Владејачките партии ги бранеа државните интереси. Разликите се во прашањето кое треба да се постави на референдумот. Се разбира дека нормалниот тек на референдумот и изјаснувањето зависи од прашањето кое ќе го поставите. Во овој случај сакам да истакнам дека сите ние треба да ги ставиме државните интереси пред партиските интереси. И сметам дека во оваа ситуација опозицијата треба да ги стави, пред се, државните интереси, рече Ахмети.
Според него, дискутирани се многу детали и дебатирано е доста за ова прашање.
- Конечниот став на ДУИ е дека треба да се имаат предвид државните интереси, а тие интереси се Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ и овие ставови ќе ги браниме до крај, рече лидерот на ДУИ.
Првиот дел од средбата го оцени, како што рече, најпозитивно имајќи предвид дека владејачките партии се повлекле од првичните позиции во интерес на единството во државата и отстапи за опозицијата го добие тоа што го барала.
Во Клубот на пратениците денеска се одржа трета лидерска средба во пет дена.
Ново на Сител
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество
-
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
-
Опожарено возило на новинарка од Охрид