Ахмети: Македонците ме разочараа, веднаш се исплашија од идејата за премиер Албанец
Во движење се ставени не само земјата и регионот, туку и меѓународни центри, бидејќи правдата е на наша страна и целата врева се крева поради тоа што ние излеговме со наше правно и легитимно барање за премиер Албанец, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на промоцијата на партијата во Куманово.
Тој изјави дека е „загрижен од македонските политичари“, но и од претседателите на албанските политички партии во однос на нивната реакција за идејата на премиерот Албанец во земјава.
– Нашите сограѓани Македонци ме разочараа бидејќи веднаш се исплашија од идејата за премиер Албанец, истакнувајќи дека Албанец не може да биде премиер во Република Македонија. Од дедо и прадедо со документ ни ја оставија земјата и заедно со Сонцето ние сме тука и никој не може да негира едно легитимно право кое самиот Господ го познава. Како можеше да се избере претседател на Собранието Албанец и токму тие говореа дека не може да стане, министер за одбрана Албанец, министер за внатрешни работи Албанец, претседател на Врховниот суд Албанец и ништо лошо не и се случи на ова земја, напротив процесите се движат напред, Европа е Европа на различностите, рече Ахмети во обраќањето.
Ново на Сител
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен