-->
-->
Ахмети се сретна со амбасадорката на БиХ во Македонија Бабиќ
-->
Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово претседателот на партијата Али Ахмети се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ.
На средбата, како што соопштија од ДУИ, соговорниците разговарале околу политичката ситуација во Македонија и во регионот, преговорите за спроведување на договорот од 2 јуни и 15 јули, Охридскиот договор и евроатланските интеграции.
Ахмети повторил дека клучните делови од договорот веќе се одобрени во Собранието и дека и останатите прашања треба да бидат завршени во најкраток рок.
Тој истакнал дека спроведувањето на обврските на договорот во јуни го отвора патот за фокусирање на напорите за решавање на споровите со соседите што, како што рекол, овозможува членство во НАТО, почеток на преговори со ЕУ, но исто така ја стабилизира внатрешната ситуација помеѓу двете етнички заедници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД