Ахмети се сретна со новата амбасадорка на САД Бeрнс
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во Амбасадата на САД во Скопје, оствари средба со новата американска амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Мари Бернс.
Ахмети и честитал на амбасадорката Бернс за новата должност и изразил убедување дека успешната соработка со САД ќе продолжи и во иднина во насока на реализирање на нашите заеднички цели, Северна Македонија интегрирана во НАТО и ЕУ и со функционална демократија.
Од ДУИ денеска соопштија дека Ахмети и Бернс разговарале и за заедничките достигнувања во насока на општествената кохезија, договорите со Атина и Софија и патот кон НАТО и Европската Унија.
– Ахмети истакна дека ни претстои уште многу работа, посебно во насока на владеењето на правото и реформите, вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста. Нашата земја чекори кон евроатланската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, додека ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани, стои во соопштението од ДУИ.
Ахмети, се подвлекува во соопштението, посочил дека сите достигнувања се заеднички и оти САД може да сметаат дека ДУИ ќе продолжи да биде искрен партнер.
Ново на Сител
-
Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години
-
„Шаоми“ ја претстави „14-T“ линијата паметни телефони
-
Пронајдена досега непозната слика на Пикасо
-
Најавени уште 120 тужби против Диди
-
Младите во ЕУ го напуштаат домот на родителите на 26,3 години просечно
-
Анчелоти по поразот од Лил: Противникот беше посилен и мораме да го прифатиме тоа
-
Субименди: Не жалам што не преминав во Ливерпул
-
Лукаку и Де Бруин ја одбија поканата за репрезентацијата