-->
-->
Ахмети: Со Заев договоривме заеднички претседателски кандидат
-->
Лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата попладнево со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во Собранието истакна дека се договориле на претседателските избори да учествуваат со заеднички кандидат. Името ќе го соопштат в петок.– Се договоривме на овие избори да излеземе со заеднички кандидат. Имавме значително содржински состанок, направивме суштинска анализа, одлучивме дека треба да воспостравиме еден стандард во нашата земја. Иако за тоа имаше обиди и порано, но не беа успешни, нагласи Ахмети за медиумите по едночасовната средба со Заев.
Тој посочи дека сака на граѓаните да им упатат порака дека во земјата, како што рече, „имаме доволно зрели политички партии, но и општество за да може да се донесе заедничка одлука за претседател на државата“.
Во следните денови, рече Ахмети, ќе продолжат консултациите со останатите албански политички партии во однос на заеднички кандидат за претседател
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
-

Охрид ќе добие Младински Културен Центар
