-->
-->
Ахмети во Арачиново: Имаме уште многу работа бидејќи нашите проблеми не беа мали
-->

Демократската унија за интеграција ја промовираше нејзината изборна понуда во Арачиново. По овој повод, кандидатот за градоначалник на оваа општина, Исуф Бислими, пред членовите и симпатизерите на ДУИ нагласи дека со победата на 15 октомври Арачиново ќе излезе од групата сиромашни општини, преку пренасочување на преземените проекти од сегашното локално владеење и остварување на други проекти поврзани со безбедноста на водата за пиење, регулирање на инфраструктурата, инвестиции во училишната мрежа, за поздрава средина како и гружа за семејствата на мачениците.
Во меѓувреме, земајќи го зборот, претседателот на Демократската Унија за Интеграција. Али Ахмети рече дека ДУИ има изградено национални вредности, но пред се залагаше за градење човечки вредности, со капацитети и добро подготвени за да им служи на граѓаните, во служба на иднината: ‘Сметаме дека ние не сме ве разочарале. Свесни сме дека имаме уште многу работа, бидејќи нашите проблеми не беа мали. Работата пред нас не беше толку лесна, но целта ни беше многу добра и благородна и од срце работевме да не ги разочараме нашите сонародници, да не ги разочаруваме оние кои веруваа во овие важни процеси уште од 2002 до 2017, рече Ахмети
Потсетувајќи се на политичката криза од пред две години тој нагласи дека нејзините автори имаа за цел да и наштетат на Демократската Унија за Интеграција, како единствена сила која доаѓа од многу добро организиран и моќен отпор на албанскиот народ во Република Македонија: ‘Зошто толку напад, зошто толкава бура? Сигурно ако оставиш лоши траги, или како што велат со јазикот на интелектуалците, на историчарите - хипотека, сигурно дека не можете да се движите, но, ние посветено влеговме за да работиме и да се движиме. Оваа бура помина и јас ќе побарам од вас, како ваш човек за да нема последици, рече Ахмети.
Фокусирајќи се на изборите на 15 октомври, посака мирен и фер изборен процес, без страв и демократски: Нека има трка, бидејќи луѓето не можеме да бидеме сите исти, но и сите не го даваат истиот придонес за деновите кои ги живееме денес и најголема одговорност за оваа земја имаа оние кои дадоа крв и пот. Затоа, ние сме големи и ги повикуваме сите да доаѓаат со нас, бидејќи ние не сме и направиле лошо на Арачиново. Арачиново го воведовме заедно во историјата, и заедно во историјата треба да го задржиме Арачиново, рече лидерот на Албанците во Македонија, проследен со голем аплауз од жителите на Арачиново.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
