АХВ ги засилува инспекциските контроли пред празниците,пакетчињата за деца под посебен мониторинг
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување засилени, вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи - децата, акцент со контролите ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност.
-Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и нивните права како потрошувачи, АХВ апелира до операторите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, особено со новогодишните пакетчиња, во збирното пакување подметнувајќи и небезбедни производи, најчесто со поминат рок на употреба, наведува АХВ и додадава дека за ваквите недоследности, граѓаните веќе алармираат до Агенцијата.
Со засилените контроли кај операторите со храна ќе се утврдува исполнетоста на општите и посебните услови за безбедност на храната, акцент ќе се стави на означувањето, особено на трајноста на производите и заштита на потрошувачите од измама.
-И граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на АХВ. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски, на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk, апелира АХВ.
Ново на Сител
-
Престрелка на границата САД - Мексико
-
Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка
-
23-годишен Македонец возел 184км/час на автопатот кај Бујановац и удрил во полициско возило
-
Починато едно лице од Ковид-19 од Куманово
-
Скопје на 37. место по загаденост, прекинат прагот на алармирање во Битола и Струмица
-
Закажано судењето по тужбите на Блејк Лајвли за сексуално вознемирување
-
Австралија Опен го собори минатогодишниот рекорд на посетеност
-
Полицијата убила маж од Индијана кој пред неколку дена бил помилуван од Трамп за учество во нападот врз Капитол