АХВ, прва државна институција ресертифицирана по стандардот ISO 9001:2015

Агенцијата за храна и ветеринарство е прва државна институција ресертифицирана по стандардот ISO 9001:2015 за управување со квалитет, што претставува значаен меѓународен сертификат за управување со квалитетот во организацијата. Аудитори од сертификациското тело МКС, дел од меѓународната групација Quality Austria, на 12 и 13 февруари, по спроведената проверка за усогласеност со барањата на ISO 9001:2015 стандардот за управување со квалитет дадоа позитивна оценка за сработеното и го ресертифицираа Системот за квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Агенцијата во изминатите три години, по воведувањето на стандардот ISO 9001: 2008 за управување со квалитет во институцијата, ги препозна придобивките од системскиот начин на управување со квалитет во институцијата и почна со имплементација на новата верзија на стандардот ISO 9001:2015. Мината година, фокусот се стави на транзиција на Системот за квалитет на АХВ, и неговото усогласување со барањата на новиот стандард ISO 9001:2015. Целата документација, континуирано, во текот на минатата година, се усогласуваше со барањата на новата верзија на стандардот, и паралелно се идентификуваа ризиците во оперативните процеси, со цел да се воспостави управување на процеси преку утврдени ризици, изјави директорот Зоран Атанасов.
Придобивките од воведувањето на стандардот ISO 9001:2015 во работењето е од големо значење за Агенцијата за храна и ветеринарство, бидејќи тоа придонесува институцијата од година во година да добива додадена вредност во однос на квалитетот на услугите што ги нуди.
Со имплементацијата на стандардите за квалитет во Агенцијата, се воспостави системска контрола, се со цел со ефикасно и ефективно работење да бидат задоволени потребите и очекувањата на бизнис операторите и на граѓаните, кои се корисници на услуги на Агенцијата.
По успешната ресертификација, директорот Атанасов изјави дека Систем за квалитет во организација постојано ќе се унапредува се со цел на најдобар начин да се управува со квалитетот во институцијата.
Воведувањето на стандардите за квалитет уште повеќе го зацврстува своето реноме на Агенцијата за храна и ветеринарство како институција која гарантира безбедна и квалитетна храна за луѓето, безбедна храна за животните, дека се добиваат квалитетни услуги и дека се грижи за здравствената заштита и благосостојбата на животните.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи да го унапредува своето работење, преку подготовка на инспекциските одделенија во институцијата за акредитација со стандардот ISO/IEC 17020.
Ново на Сител
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
