АХВ: Се повлекуваат од пазарот коцки за супа од Хрватска
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело.
Како што потенцираат од АХВ во нивното соопштение, станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година.
Алерт нотификацијата за потенцијално небезбедните производи кои се увезени во земјава, АХВ посочува дека ги добиле вчера во доцните попладневни часови преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845.
Земја известувач е Република Хрватска, каде посочените производи се отповикани од промет.
-Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле посочените производи со овие сериски броеви, истите да не ги употребуваат, или да ги вратат на местото од каде што ги купиле, или пак нештетно да ги уништат, посочуваат од АХВ.
Ново на Сител
-
Сообраќајот без застои
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут