АХВ: Времено затворена гостилница во Влае по пријавата за затруени лица
Гостилница во скопската населба Влае е времено затворена по добиената информација од Центарот за јавно здравје дека четири лица се примени на Клиникатата за инфективни болести со симптоми на труење со храна, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Во гостилницата, како што информира АХВ, е спроведен вонреден инспекциски надзор и земени се брисеви од работните површини и примероци од целата инкриминирана храна што ја консумирале лицата.
Гостилницата ќе биде затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање.
-По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на четири лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство енеска, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската населба Влае. За лабораториско испитување земени се брисеви од работните површини и примероци од целата инкриминирана храна што ја консумирале лицата. На операторот со храна му се наредени превентивни мерки за чистење и вршење вонредни санитарни прегледи на вработените лица. Од страна на инспекциските служби, гостилницата е времено затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање, наведува АХВ.
Агенцијата воедно апелира, во услови на високи температури и поголеми ризици од труење со храна, операторите да бидат одговорни и да се придржуваат до HACCP принципите за безбедност и правилата за добра производствена и хигиенска пракса. Потрошувачите, пак, според АХВ, треба да бидат одговорни, да водат сметка и храна да набавуваат од регистрирани оператори, односно да пазарат на начин и во време кога нема опасност да предизвикаат нејзина контаминација поради високите температури.
Бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 на Агенцијата за храна и ветеринарство останува отворена за пријавување сомнеж во однос на безбедноста на храната. Претставки до Одделението за заштита на потрошувачите граѓаните може да поднесат и лично и електронски на info@fva.gov.mk.
Ново на Сител
-
Во одговорот на Извештајот на Комитетот против тортура на СЕ најавено подобрување на условите во затворите во земјава
-
Фон дер Лајен: ЕУ го активира Механизмот за цивилна заштита за помош на поплавените во БиХ
-
Орбан: Доколку продолжи илегалната миграција, ќе ги донесеме мигрантите пред канцелариите на ЕУ во Брисел
-
Националните партии доминираат на локалните избори во БиХ
-
Зголемени цените на угостителските услуги
-
Поради зголемено присуство на манган забранета за пиење и водата во Гостивар
-
Роналдо е првиот играч во историјата кој постигнал 600 голови на врвно ниво
-
Погба може да ја продолжи кариерата во САД или Саудиска Арабија