АјФон ИксАр е најпродаваниот смартфон на Епл
AјФон ИксАр е најдобро продаван смартфон на Епл откако се појави на пазарот во средината на октомври.
Смартфонот, кој чини 749 долари, беше прогласен заедно со два други модели – АјФон ИксЕс и ЕксЕс Макс. АјФон ИксАр нуди многу од клучните карактеристики на овие телефони, но по пониска цена, а аналитичарите во голема мера го сметаат за обид на Епл да понуди препознавање на лицето и најнов процесор до поголем број купувачи.
Голем број негативни прогнози од добавувачи на смартфони во последниве недели предизвикаа стравувања дека моделот може да не се продава толку добро колку што се надеваше Епл. Таквите коментари, како и загриженоста на инвеститорите од изјавата на Епл на 1 ноември, кога компанијата објави дека повеќе нема да открива детали за продажбата на АјФон, доведоа до пад на акциите на Епл за повеќе од 20 отсто.
Иако Епл не дава целосни податоци за продажбата сега, компанијата редовно им открива на инвеститорите кои модели најдобро се продаваат.
Грег Јосвјак, потпретседател на Епл за маркетинг, прокоментира дека АјФон ИксАр во моментов е „најмасовниот производ и нашиот најпопуларен АјФон“.
Ново на Сител
-
Вонреден инспекциски надзор за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе
-
Властите во Лос Анџелес ги предупредија евакуираните да не се враќаат во своите домови најмалку уште една недела
-
Пезешкијан во Москва на разговори со Путин за стратешкото партнерство меѓу Иран и Русија
-
Пожар во складиште за батерии во Калифорнија, илјадници евакуирани
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Во Берово најладно со - 9, Претор и Охрид најтопли со 0 степени
-
Божиновска - Касијев: Се интензивира енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан
-
Советот за безбедност на ОН повика на брзо формирање влада во Либан