Академик Ристо Василевски добитник на „Poeta laureatus” и „Златна лира”

Академик Ристо Василевски, поет, есеист, книжевен критичар, антологичар, преведувач и издавач, кој твори на македонски и на српски јазик, е добитник на меѓународното признание „Poeta laureatus” и на наградата „Златна лира” на 10. Хераклејски поетски свечености – Средби на Медитеранот.
Тие ќе му бидат врачени во рамки на манифестацијата која се одржува утре и задутре во Битола.
Василевски е автор на над 300 авторски дела, избори од творештвото на други автори и преводи, пред сè од македонски на српски јазик и обратно, и добитник на повеќе од четириесет домашни и меѓународни награди и признанија.
Негови дела се преведувани на над 30 јазици, поезијата му е застапена во близу двесте антологии на македонската, српската, балканската и светската поезија. Автор и на десетина антологии на македонското поетско творештво. Годинава ги објави антологиите „Од живиот извор – Петнаесет македонски поети” и „Моќни струни” – Антологија на македонското поетско творештво од 9 до 21 век.
Ново на Сител
-

Граничните премини и денеска блокирани од камионските превозници
-

Рубио: Продолжуваат руско-украинските преговори во Абу Даби
-

Славески: Просечната плата лани порасна номинално за 9,2 проценти, потребен е одговорен пристап кон растот на платите
-

Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 15 луѓе
-

Бесент: За ЕУ е поважна трговијата од Украина
-

Без струја дел од Чаир
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките места и на планините
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
