Акција на МВР за спречување диви трки во Скопје

Сообраќајната полиција за помалку од три часа синоќа при спроведување мерки и активности за спречување на организирање и учество на диви трки регистрирала 21 прекршок и издала 21 платен налог и налози на прекршителите.
Како што соопшти МВР, контролите ги спровела на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“ и „Втора Македонска бригада“ во текот на изминатата ноќ, во периодот од 22.30 часот до 01 часот по полноќ.
Двајца од учесниците немале лични документи и документи за мотоциклите и затоа биле приведени во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.
Како што МВР веќе информираше во текот на претходните две акции беа регистрирани 38 прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Скопје и во наредните денови ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.
Ново на Сител
-

Новите предлог закони за високо образование и за квалитетот на високото образование
-

Недостигаат современи луксузни хотели
-

За 2025 Општина Прилеп наплатила 60% од данокот на имот и 44% од комунална такса фирмарина
-

Вечерва свечено ќе бидат отворени 25. ЗОИ што ќе одржуваат од 6-22. февруари во Милано и Кортина
-

Преглед на вестите од светот
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
