Акција за чистење на паркот во Гази Баба
Акција за чистење на паркот во општина Гази Баба и засадување бршлени ќе се спроведе попладнево во рамки на проектите „В џеб, ако нема каде друго“ и „Дотерај го Скопје“ на активистите на Движењето Леад и на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.
Целта на проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е да се подигне јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи капи и маици со слоганот „В џеб, ако нема каде друго“. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат, информираат од Движењето.
Целта на кампањата „Дотерај го Скопје“ е да се создаде свест кај граѓаните за разубавување на нивната околина на практичен и економичен начин, а исто така да се поттикнат да се грижат повеќе за јавниот простор.
Проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, која ја спроведуваат Нирас од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка