Свет
21. July 2023 - 11:05

Акција за спасување на околу 70 мигранти во близина на грчкиот остров Карпатос

Во тек е акција на крајбрежната служба на Грција за спасување на група од околу 70 мигранти во близина на грчкиот остров Карпатос, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на крајбрежната служба Никос Алексиу за грчката телевизија ЕРТ објасни дека преку бројот за итни случаи 112 биле информирани дека северозападно од Карпатос постои едрилица со мигранти.

По два и пол часа биле пронајдени, сите се безбедни и во добра состојба и ќе бидат префрлени на некој од островите каде што постои Центар за прием и регистрација на бегалци и мигранти.