Aкциски план за туристичка промоција на Mакедонско-бугарскиот пограничен регион

Тур оператори, туристички агенции, хотелиери, угостители и други туристички организации од Североисточниот регион во Македонија и Ќустендилската област од Бугарија денеска на заедничка средба во Крива Паланка ги разгледаа можностите овој пограничен регион да прерасне во препознатлива туристичка дестинација.
Целта на заедничките средби на фокус групите од македонска и бугарска страна е изработка на акциски план за развој на претприемништвото во туризмот, преку искористување на познатите туристички локалитети и подобрувањето на услугите и понудата во областа на туризмот.
- Иако овој пограничен регион има огромни туристички потенцијали, меѓу кои некои и од светско значење, како што е мегалитската опсерваторија Кокино, сепак поради недоволната промоција, непостоењето на стандардизирана туристичка понуда и соработка помеѓу туристичките работници од двете страни на границата, се губи значаен прилив на туристи и приходи од оваа стратешка економска гранка. Голем проблем е и недоизградената туристичка инфраструктура за прифаќање и опслужување на туристите, како и неинформираноста за достапните туристички атракции, заклучија туристичките претприемачи од регионот, информира Методи Цветковски од „СПЕКТАР“.
Фокус групите на двете средби, во Ќустендил и во Крива Планка, работеа на разработка на предлог акцискиот план, кој во својата финална верзија ќе содржи конкретни акциски мерки за креирање на туристичката понуда во Североисточниот регион на Македонија и Ќустендилската област во Бугарија во насока на подобрувањето на туристичките услуги. Меѓу нив се брендирање на регионот како туристичка дестинација со препознатливо лого, изработка на заедничка база на туристички локалитети, атрактивен промотивен продукт, он-лајн туристичка платформа и друго.
Средбите на фокус групите и изработката на акциски план се дел од проектот „СТЕПС- Поддршка на претприемништвото и промовирање на услугите во туризмот", финансиран од Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, кофинансирана од Европската унија.
Проектот го реализира здружението „Регионален центар за соработка - Спектар", Крива Паланка, во партнерство со здружението „Младински општински совет“ од Ќустендил.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Гинекологија
-

САД ја нападна Венецуела и го зароби Мадуро
-

16-годишниот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во швајцарскиот бар
-

Семејството Арслани бара правда за 2 годишното дете кое почина по повреда за новогодишната ноќ
-

Две лица загинаа, откако со возило излетаа во Радика: Низа сообраќајни несреќи поради замрзнати коловози
-

Клиниката Козле полна со болни деца – за 24 часа и по 250 прегледи
-

Мицкоски: Забрзано се спроведува реформската агенда што ја бара Брисел
-

Опозицијата предвидува тешка 2026 година и избори, премиерот одговори: Внимавајте што посакувате
