Ако биде избран за претседател, Саркози размислува да распише референдум за излез од ЕУ

Поранешниот претседател на Франција Никола Саркози не ја исклучува можноста да распише референдум за излез на земјата од ЕУ во случај ако повторно биде избран за шеф на државата, јави телевизијата „Бе-Еф-Ем“.
Не исклучувајќи го одржувањето на плебисцит, Саркози наведе дека повеќе сака да зборува за реформите во ЕУ и посебно за француско-германското регионално лидерство, чиј концепт има намера да му го предложи на Берлин.
Саркози, кој се наоѓаше на чело на Франција од 2007 до 2012 година, претходниот месец соопшти дека има намера да се кандидира на претседателските избори во 2017 година.
Месецов, лидерот на партијата Национален фронт, Марин ле Пен, вети дека ќе распише референдум за членството на Франција во ЕУ доколку ја изберат за претседател во 2017 година.
Ле Пен изјави дека Франција има многу повеќе причини за излез од ЕУ од Велика Британија.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
