-->
-->
Aко не најавеа моја смена ќе се боревме за титулата
-->

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, рекол дека објавата дека Пеп Гвардиола ќе биде неговиот наследник на клупата лошо влијаела врз неговите играчи.
Клубот во февруари објави дека наредната сезона менаџер ќе биде Гвардиола, а по објавата Сити двапати загуби на домашен терен од во тој момент конкурентите за титулата, Лестер и Тотенхем.
„Секако дека постојат многу причини поради кои ги загубивме тие натпревари, поради кои испаднавме од трката за титулата. Фрустриран сум, бидејќи не очекував дека ќе ги загубаме тие натпревари . Една од причините е објавата дека ќе има промена на менаџерската функција, потоа шпекулациите кои играчи нема да бидат во тимот наредната сезона. Многу работи се вртеа во главите на фудлерите“, рекол Пелегрини.
„На фудбалерите не им е лесно кога по весниците ќе прочитаат кој ќе си оди, а кој ќе остане. Така се губи концентрацијата, не можете да останете фукусирани на работата“, дополнил Пелегрини.
Манчестер Сити во моментов се наоѓа на третото место во Премиерлигата со 60 бодови, 13 помалку од лидерот на табелата Лестер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Штип отворен центар за менаџирање на дебелината
-

До крајот на годината Сејф сити и во Струмица
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
