-->
-->
Актерката Неда сакала да се самоубие?
-->

Припадниците на полицијата денеска влегоа во станот на српската актерка нам позната како „Исправи се Делфина", Неда Армнериќ, која падна од третиот кат од терсата на својот стан.
Според едната верзија, таа дошла уморна од работен состанок, пиела кафе со сопругот и отишла да ги постели алиштата, по што некако загубила контрола и паднала. Според втората верзија, таа се обидела да се самоубие со скокот од тераса, поради проблеми во љубовта, односно поради тешка болест дијагностицирана кај нејзиниот сопруг, ситуација со која не можела да се избори.
Полицијата влезе во домот за да ги утврди околностите во кои паднала актерката.
Тие ги замолиле и соседите и медиумите да не влегуваат во станот и да не ѕвонат, за во мир да го истражат случајот кој ја потресе српската јавност.
Еден од соседите на Неда вели дека откако паднала тој притрчал на плочникот, а таа му рекла: - Извини соседу сакав да се убијам.
Нејзиниот сопруг не се симнал, туку повикал Брза Помош.
Актерката има скршени три вратни пршлени и можно е да остане неподвижна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималецот ќе се зголеми за 2.000, синдикатот не верува дека ќе се исполни нивното барање
-
СДСМ и ДУИ обвинуваат дека Меџити го злоупотребил законот, Мицкоски им врати – доставете докази
-
Реконструкции во здравствениот сектор – нов лик на ГОБ ,,8-ми Септември" и карил
-
МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица