Актерот кој е исфрлен од серијата и порано правел проблеми - за скандалот зборува цел регион
Актерот Иван Херцег бил еден од најпопуларните актери на Балканот и пред скандалот за кој зборува целиот регион.
Имено, ѕвездата на многубројни филмови и драмски остварувања, добил отказ на снимањето на серијата „Чиста љубов“ и тоа, како што пишуваат хрватските медиуми, поради нелогично и непрофесионално однесување на сет. Иван, наводно на снимањата доаѓал неподготвен, се бунел на организацијата и на сценариото.
Но, ова не е првпат вака да се однесува. Хрватските медиуми тврдат дека и пред извесно време, на снимањето на една реклама, актерот направил неколку сцени поради кои екипата сакала да ја прекине соработката со него, но до тоа сепак не дошло.
Додека едни го сакаат и го сметаат за атркативен, многумина му замериле поради една изјава. Во 2011 година, откако бил обвинет од геј заедница дека е хомофоб изјавил:
-Сметам дека секој има право на свое мислење и избор ако притоа никој не навредува, што во мојот случај не беше намера - изјавил Херцег.
Наместо него во серијата „Чиста љубов“ која ја гледаме на Сител телевизија, ќе игра неговиот колега Јанко Поповиќ Волариќ.
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања