Активен пожарот во близина на тетовско Милетино
Во петокот во вечерните часови продолжи да гори боровата шума на планината Сува Гора, пожар за кој од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека бил изгаснат дента во периодот од 11 до 17 часот. Мештаните од Милетино се најблиску до овој пожар и затоа самите се обидуваат да го гаснат огнот.
-Од доцна попладне и вечерва цело време одиме до шумата и се обидуваме самите да го изгаснеме пожарот. Мора преземат надлежните нешто, се шири уште повеќе, алармираа жителите на Милетино.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека утринава сè уште е активен овој пожар каде што гори борова шума и ниска вегетација.
- Ветрот го разгорел на места и внатре во изгореното, но и на работ на опожареното зафатил и нов простор. Дежурните ја следат ситуацијата, но ноќе секогаш не може да се интервенира, информираа од ЦУК.
Вчера Центарот за управување со кризи информираше дека во гасењето на пожарот освен пожарникарите учествувале и три противпожарни авиони „Ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, како и вработени во Национални шуми.
Ново на Сител
-

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026
-

Кушнер во Давос ги претстави плановите за реконструкција на Газа
-

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија
-

Нови 2.062 случаи на грип, сезонава три лица починати со грип
-

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“
-

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство
-

Укинати се вонредните ситуации во сите општини во Србија поради снегот, ситуацијата е стабилизирана
-

Со потпишување на Повелбата стапи во сила Одборот за мир на Трамп
