Активен пожарот во Никуштак, екипите на терен, во кумановско вчера повеќе пожари

Активен е пожарот во атарот на село Никуштак, кумановско информираа денеска од ЦУК и од „Македонски шуми“.
- Во моментов, пожарот сè уште е активен. Таму се наши екипи кои работата на терен. Се работи за многу лош непристапен терен, екипите и покрај тоа што успеваат да стигнат до одредена линија, не можат во целост да ја покријат линијата. Онаму каде е недостапно за пешадијата, делуваат екипите од воздух, но и покрај нивното делување, доколу од земја не се стигне до линиите тешко се санира пожарот. Продолжуваме со интервенција и денеска, со сите човекови ресурси, изјави заменик директорот на ЈП „Национални шуми, Кире Михаилов.
Во Никуштак неколку дена годи нискостеблеста деградирана, но и дабова шума. Од вчера пожарот е проширен на поголема територија. Покрај дејствувањето на екипи на „Национални шуми“, пожарот го гаселе и два авиона и еден хеликоптера од воздух, но поради поголема површина што е зафатена пожарот сè уште е активен.
Екипите на кумановската подружница на „Национални шуми“ и екипа на кумановската противпожарна единица вчера интервенирала во атарот на селата Оризаре и Слупчане во липковско на опожарена ниска вегетација и мешана шума. Кумановските пожарникари гаселе сува трева во населбата Ајдучка Чешма, во Пуковсково атар на селата Шупли Камен и Доброшане. ТППЕ Куманово, гаселе пожар и на опожарена куќа на „Тоде Мендол“.
Територијалната противпожарна единица на Старо Нагоричане гасела пожар во село Младо Нагоричане во маала Бузници каде покрај сува трева имало и пожар на кровна конструкција на помошен објект.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
