Активности за одбележување на Денот на АРМ

Во рамки на одбележување на Денот на АРМ - 18 август денеска началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески ќе се обрати на свеченото постројување на вработените пред зградата на Министерството за одбрана и ГШ на АРМ.
Во присуство на министерот за одбрана Зоран Јолевски, неговиот заменик Иљми Селами, како и заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, на свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување, ќе се врачат плакети, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на МО и ГШ на АРМ по повод Денот на АРМ.
Претходно, министерот Јолевски, началникот на ГШ на АРМ Котески и делегации од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, од Собранието и Владата на Република Македонија, од Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени старешини и други, ќе положат венци со цвеќе со воени почести на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
Како што е најавено, единицата на артилерискиот баталјон на АРМ по повод Денот на АРМ од скопската касарна „Илинден“ ќе изврши почесна артилериска стрелба на 10 плотуни од артилериски орудија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Не се исклучува можноста количината на запленета марихуана да достигне 100 тони
-

Приведен 29-годишник од демиркаписко, се заканувал кон сопругата и го нападнал својот татко со тврд предмет
-

Кавадарчанец пријавил пукање кон неговиот дом, оштетен бил ѕидот
-

Променливо облачно време со дожд, на планините снег и заладување од недела
-

ЗОИ 2026: Симболичен настап на Јада во квалификациите на крос-кантри спринтот
-

Нивото на водата на Охридското Езеро 16 сантиметри над февруарскиот просек
-

Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
