АКУФ: Во 2016 година не избувнал ниту еден нов конфликт во светот
Оваа 2016 е првата година по неколку претходни години во која не избувна ниту еден нов вооружен конфликт, и покрај тоа што во моментов низ светот има вкупно 32 војни, покажува истражувањето што денеска е објавено во Германија, цитирано од ДПА.
На Блискиот исток и во Југоисточна Азија има 12 се уште нестивнати конфликти, десет има во Африка и осум во Азија, се наведува во анализата на Организацијата за истражување конфликти АКУФ на универзитетот во Хамбург.
Во Латинска Америка и Европа во моментов има по еден конфликт.
Најмногу загинати во 2016 година има во војната во Сирија.
Истражувачите, исто така, посочуваат дека во неколку конфликти во текот на изминатата година дошло до деескалација на судирите, на пример, како во Колумбија, каде претходно во текот на овој месец беше одобрен мировниот договор меѓу владата и бунтовничката група ФАРК.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Владата ќе им врати 50 милиони евра на компаниите за солидарен данок
-
Во Прилеп започна промената на водоводната мрежа во центарот на градот
-
Стартува проектот за изградба на најголемиот ветерен парк на западен балкан
-
Охрид ќе добие катна гаража и нов плоштад
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР