Акумулацијата „Паљурци“ порибена со подмладок на крап и толстолобик
Активисти на спортското риболовно здружение „Костреш“ од Богданци со 240 килограми подмладок од крап и толстолобик денеска извршија порибување на акумулацијата „Паљурци“ кај Богданци, соопштија претставници на локалната самоуправа кои заедно со претставниците од Инспекторатот за земјоделство беа присутни на порибувањето.
Од општина Богданци информираат дека порибувањето е реализирано во рамки на вториот јавен повик за прибирање предлог проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од областа на локалниот економски развој и заштитата на животната средина изработени од здуженија на граѓани и фондации од општината.
Спортските риболовци од Богданци велат дека порибувањето на акумулацијата „Паљурци“ е нивна постојана грижа и обврска и оти рибниот фонд ќе го збогатуваат секоја година.
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот