Ал Халифа: Иран е закана за Блискиот Исток како и ИД

Иран е исто толку голема закана за Блискиот Исток како и џихадистичката група Исламска држава, предупреди денеска министерот за надворешни работи на Бахреин, Халид бин Ахмед Ал Халифа на годишната конференција за регионална безбедност што се одржува во Манама.
Тој го обвини шиитски Иран за илегално внесување на оружје во Бахреин, кој е управуван од сунитска династија. Шиитите се мнозинство во Бахреин и за време на Апарската пролет протестираа поради дискриминиација. Властите во Манама тврдат дека демонстрантите имале поддршка од Техеран.
Ал Халифа осврнувајќи се на шиитските бунтовници посочи дека Јемен може да има иднина само ако се разоружаат Хусите и се вклучат во политилкиот процес.
На конференцијата се обрати и американскиот заменик-државен секретар Ентони Блинкин, кој посочи дека САД и понатаму се „ласерски фокусирани“ на неприфатливите ирански акции, вклучително и поддршката на тероризмот во регионот.
Тој наведе дека американското ангажирање на Блискиот Исток е подлабоко од кога било и оти се проширило и надвор од воениот аспект.
Блинкин наведе и дека нема воено решение за војната во Сирија. Тој наведе дека вмешувањето на Русија во сирискиот конфликт само ја отежнува ситуацијата.
- Русија ќе стане дел од шиитскиот блок заедно со режимот на Башар ал Асад, со Иран и со либанското движење Хезболах и ќе ги сврти сунитите во Сирија и во регионот против неа, истакна Блинкин.
Тој наведе и дека Јемен не смее да си дозволи да чека мир и ги повика сите страни во конфликтот да дозволат пристап до хуманитарната помош.
Ново на Сител
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
