Македонија
10. May 2018 - 10:54

Аларм на аеродром: Фатен албански државјанин при обид да излезе од Македонија

Вчера во 11.20 часот на излез на Граничен премин Аеродром Скопје, при контрола било утврдено грчката личната карта на Г.Р. (25) од Република Албанија, со која се пријавил да патува, била фалсификувана.

При преглед кај лицето била пронајдена и албанска лична карта со негова слика и податоци Ј.Г. (25).

Тој бил приведен во полициската станица и подоцна бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.