Фудбал
25. January 2017 - 12:54

Алавес прв полуфиналист во „Копа дел Реј“

Екипата Алавес е првата која обезбеди пласман во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија.
 
Иако во реванш четвртфиналниот меч против Алкоркон, тимот на Алавес пред својата публика одигра без голови 0:0, сепак благодарение на победата од 2:0 на првиот меч, одигран на гостински терен, се пласира во полуфиналето. 
 
Вечерва ќе се одиграат другите три реванш четвртфинални натпревари.
 
Атлетико на гостувањето во Еибар ќе започне со предност од 3:0 остварена на првиот меч во Мадрид.
 
Барселона на „Камп Ноу“ го пречекува Сосиедад со предност од 1:0 по мечот одигран во Сан Себастијан, додека во Виго, домашната Селта дуелот против Реал Мадрид ќе го започне со предност од 2:1 остварена на првиот натпревар.