-->
-->
Албанец фатен со 67 пакувања стероиди во ампули без документација
-->
Вчера во 18.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци, миграции и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода З.В.(51) од Република Албанија, со бугарска патна исправа, информира МВР.
При контрола, извршена од полициските службеници со екипа од мобилната царина, во автобусот кој го управувал З.В. биле пронајдени и одземени 67 пакувања различни видови стероиди во ампули за кои не поседувал никаква документација, соопштија оттаму.

ОД МВР додаваат дека тој бил задржан во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
