Македонија
11. November 2019 - 10:56

Албанец уапсен на преминот „Долно Блаце“

Вчера во 11.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен Ф.К.(44) од Р.Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Ф.К. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.