Албанија: Дипломатските претставници во странство со мандат од 4 наместо како до сега од 3 години

Министерството за Европа и надворешни работи ги стави на јавна расправа измените на законот за дипломатска служба на Република Албанија.
Една од измените предвидени во новиот закон за дипломатска служба е мандатот на амбасадор и конзул, кој наместо 3, се предлага да трае 4 години.
Исто така со измените амбасадор и конзул на дипломатската мисија не може да биде назначен повеќе од два последователни мандати.
-Јавната расправа ќе трае до 30 овој месец а целта на законските измени е регулирање на дејноста на надворешната служба на Република Албанија.
Подготовката на предлог измените дојде како неопходност за уредување на некои проблеми со кои се соочува примената на актуелниот закон, чие регулирање ќе служи за современа служба, која треба да одговори на задачите поставени со Уставот и со владините програми, стои во образложението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
