Албанија го намали внатрешниот јавен долг на сметка на надворешниот

Втора година по ред Албанија бележи пад на внатрешниот јавен долг,а Владата продолжува да се задолжува кон странските пазари.
Во третото тромесечие од минатата година внатрешниот долг се намалил на 35,5 насто од БДП од 40,3 насто,колку што изнесувал на крајот на 2014 година.
- Падот на внатрешниот е компензиран со растот на надворешниот долг со ист процент. Владата го ориентира задолжувањето на странските пазари поради две цели. Прво,да го намали ризикот од јавните финансии,заменувакќи го внатрешниот на кус рок со долгорочни кредити од надвор.Второ, да изврши позитивен притисок над приватните банки да ги кредитираат бизисот и граѓаните,-наведува Топ чанел.
Според истиот извор податоците потврдуваат дека средниот рок за подмирување на долгот на Владата пораснал од 630 денови,колку што бил на крајот од 2014 година, на 763 денови моментно.
- Но, влијанието на кредитниот пазар е минимално. Иако владата,во двете последни години нема земено нов долг од страна на приватни банки,овозможувајќи им многу слободна ликвидност,овие пари не се канализирани како кредити за домашниот бизнис,- констатира Топ чанел.
Официјалните податоци покажуваат дека во споредба со 2014 кредитите се намалиле за 6 милијарди леки и банките во земјата фондовите да ги дадат кредит за домашниот бизнис,кој пак средствата ги инвестирал надвор од земјата.
Ново на Сител
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
