Албанија го отвора поморскиот сообраќај најдоцна на почетокот на јули

Поморскиот сообраќај кон Италија, кој беше блокиран од март, Албанија ќе го отвори најдоцна во јули, откако, како што е најавено, тоа на 1 јули ќе го направи Италија.
Ова за Ора њуз го изјави Павлин Ндреу, директор на генералната дирекција за поморска пловидба.
– Очекуваме 3 јули да биде последниот датум за повторното воспоставување на поморскиот сообраќај. Очекуваме, како што е најавено, Италија одлука да донесе утре, 15 јуни, а 1 јули ќе биде последниот датум за кога повторно ќе се воспостави поморскиот сообраќај од италијанска страна а нашите пристаништа да бидат отворени два дена подоцна, изјави Ндреу.
Додава дека албанските пристаниште се подготвени со сите меѓународно воспоставени безбедносни протоколи, подготвени и одобрени од надлежните институции.
– Овој протокол ги содржи сите мерки во случај на започнување меѓународни линии, почнувајќи од задолжителната дистанца, влегувањето и товарот на патниците, нивното одвојување. Капацитетите ќе се намалат за 70 отсто, посочува тој.
На прашањето што во овој период албанските бизнисмени транспортирале со траекти од Италија, тој вели дека било овозможено само увоз на пченица а потоа градежни материјали.
Како и секој сектор блокирањето на поморскиот сообраќај предизвика негативни ефекти во работњето на пристаништата, при што најпогодено е пристаништето во Саранда.
Министертвото за инфратструктура и енергетика информираше дека од утре ќе биде обновен авионскиот сообраќај на редовните релации Тирана-Атина и обратно. Како што наведува Министертвото, во авион нема да му биде дозволен влез на парник кој ќе има телесна температура над 37 степени.
Ново на Сител
-

Светски ден на бегалците: УНХЦР апелира на поголема солидарност кај помладите генерации во однос на бегалците
-

Безос: Вештачката интелигенција ќе отвори нови можности наместо да ги укине работните места
-

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“
-

Пронајдени неексплодирани гранати во две битолски села
-

Почина Љупчо Грнчиштанов, инспектор обвинет во случајот „Пулс“
-

Топло време за викендот, од понеделник услови за дожд
-

Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор
-

Во Србија легално во моментот се 100.000 странци, а само 160 бегалци во прифатни центри
