Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени

Случаите на заболени од грип во Албанија, значително се зголемени во последните недели, а според извештаите од единиците за јавно здравје низ земјата, над 13 илјади се регистрирани само во последната седмица.
Она што е забележливо е дека најголем број од оние кои бараат лекарска помош се деца до 5-годишна возраст, што доведе и до преоптоварување на педијатриските амбуланти во последните денови од годината што штотуку ја оставивме зад нас. Иако инфекциите на горните дишни патишта се широко распространети низ целата земја, најголем број се во Ѓирокастро, Драч, Делвина и Валона, објавија албанските медиуми.
Во моментов бројот на заболени од сезонски грип е значително поголем во споредба со пред една година, а според епидемиолозите во наредните недели се очекува зголемување бројот на заразени.
Тие советуваат дека вакцинацијата е најдобрата форма на заштита од тешки форми и смртни случаи.
До сега, над 205 илјади албански граѓани, повеќето повозрасни од 65 години, се вакцинирани против грип, која се добива бесплатно во здравствените домови низ земјата.
Ново на Сител
-

Во цела држава утринските температури над нула
-

Велика Британија и Франција извршија напад врз локација на ИД во Сирија
-

Премиерот Мицкоски на отворање градинка во Сопиште
-

Мадуро префрлен во притворски центар во Њујорк
-

Сеул: Северна Кореја истрела балистички ракети кон Источното Море
-

Приемот на Бугарија во Еврозоната може да доведе до нова должничка криза по грчкиот пример
-

Облачно со локален дожд
-

Трамп: Ниту една нација во светот не може да го постигне она што Америка го постигна вчера
