Балкан
6. October 2016 - 20:50

Албанската полиција заплени рекордни 23 тони марихуана

Во добро организирана полициска акција во подрачјето на албанскиот приморски град Валона, запленети се рекордни 23 тони мархуна, подготвена за транспорт.

- Акцијата е реализирана во селата Вежданишт и Треблов, каде во шест објекти се откриени 23 тони сува марихуана, подготвена за транспорт. Во рамките на оваа супер акција запленето е и оружје и муниција. Полицијата трага по полициски инпектор од секорот за економски криминал во Валона, пишува електронското издание на весникот „Шекули“, пренесува дописникот на МИА од Тирана.

Според истиот извор, инспекторот Ренато Авдули е дел од 40-члената група која одгледувала марихуана.

Во акцијата биле откриени и уништени и 15 илјади стебла марихуана, што значи дека уште толку марихуана, доколку истата била собрана.

Полициски извори наведуваат дека акцијата била иницирана од албанската тајна служба ШИШ и Обвинителството и била држена во голема тајност.

Освен полицајци од Полицискиот комесаријат Валона, во акцијата биле вклучени и многу полицајци од Тирана.

Идентична акција, во која се уништени над 10 илјади стебла марихуана е реалзирана и во областа Мат.