Албанската Влада демантира дека постои договор за изградба на центар за азиланти
Албанската Влада ја демантира веста на британски „Сан“ дека ќе се гради центар за азил во Албанија, каде ќе бидат сместувани имигранти кои од Франција се обидуваат преку Ла манш да влезат во Велика Британија.
„Веста дека ќе се формира центар за азил во име на трети страни е апсолутно невистинита. Ги отворивме вратите за 4.000 Авганистанци и ние сме горди на тоа. Ние ги извршуваме нашите должности кон традицијата на нашите деца, а не должностите на оние кои се поголеми и побогати од нас“, напиша на Твитер, Ендри Фуга, советник на премиерот Еди Рама.
Според весникот, официјалните претставници на Лондон и Тирана сега работат на прецизирање на деталите, како што се точната локација и капацитетот.
-Во центарот ќе бидат сместени илегалните мигранти кои со мали бродови од Франција ќе се обидат да го минат опасниот канал Ла Манш за да стигнат во Велика Британија. Таму ќе останат таму додека се разгледуваат нивните апликации за азил, наведува Сан.
Според пишувањата на „Сан“, шефот на кабинетот на премиерот Борис Џонсон, Ден Розенфилд, е клучен двигател на политиката, а дипломатите од Министерството надворешни работи помагаат во тоа.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен
