Албански државјани нерегуларно се лекувале во Италија, оштетувајќи го здравствениот систем за над милион евра
Полицијата во Торино, Италија, открила измамничка шема која ја смислиле тројца албански државјани, преку која се украдени над милион евра од здравствениот систем на земјата, пренесе телевиизјата „Топ чанел“.
„Весникот Ла Република објавува дека најмалку 150 Албанци, главно со дијагностициран карцином, добиле бесплатна здравствена заштита преку овој механизам. Лицата кои ја измислиле шемата за измама и уште 150 Албанци се под истрага за измама“, додава телевизијата.
Според медиумите, многу од нив влегле во Италија со единствена цел да се лекуваат.
Од спроведената истрага, се покажало дека три лица ја создале шемата, две албански државјанки кои работеле како културни медијатори во Информативниот центар за здравствена заштита на имигрантите во Торино и синот на едната од нив. Судот им одредил безбедносни мерки, едната е во домашен притвор, а другата со обврска секојдневно да се пријавува во полиција, додека момчето е отпуштено од работа.
Тројцата албански државјани го искористиле правилото пропишано со член 35 од консолидираниот акт за имиграција што им овозможува на граѓаните кои не се во добра здравствена состојба да добиваат бесплатна здравствена заштита во случај на економска немоќ. Доколку болниот ги исполнувал критериумите, му се доделува код за идентификација (Stp – странец привремено присутен) и има пристап до третман во јавни здравствени установи.
„Благодарение на ова регулатива, двете жени барале од Албанците да дојдат во Италија да се лекуваат, прикажувајќи при тоа лажен датум за влез во земјата а тоа е дека повеќе од три месеци престојуваат нерегуларно. Од нив било барано да ги пријават документите за идентификација како изгубени, за да не бидат откриени од страна на властите за вистинскиот датум за нивниот влез во Италија, пренесува телевизијата.
Исто така подготвувале лажни изјави за економската состојба што дозволувала влегување во системот. Синот на една од Албанките, кој бил вработен во Агенцијата за приходи и бил одговорен за спроведување на ревизии на имот на корисниците, ги внесувал во базата на податоци.
Оваа шема, според извештаите, функционирала со месеци, додека истрагата била спроведена помеѓу септември 2019 и октомври 2020 година.
Ново на Сител
-
Анкета: Криминалот и корупцијата најголем проблем во државата, ВМРО-ДПМНЕ со зголемена доверба споредено со парламентарните избори
-
Во Прилеп приведено лице барано со потерница
-
Најстудено во Берово и Попова Шапка, најмногу дожд во Дебар
-
На автопатот Тетово-Скопје животот го загуби 24 годишен возач од Свети Николе
-
Министерски состанок за Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт
-
Израелската војска соопшти дека извршила „десетици“ нови напади против Хезболах во Либан
-
Парламентарни избори во Австрија
-
Најмалку 100 луѓе го загубија животот во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати, училиштата се затворени