Албански медиуми: Пратениците во Скопје едногласни за членството во НАТО
Медиумите во Албанија отстапија простор во известувањето за ратфикацијата на Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО од страна на македонскиот парламент. Во вестите посебно се нагласува фактот дека протоколот е изгласан со 114 гласови „за“, ниту еден против и оти знамето на НАТО е подигнато и се вее пред Парламентот.
Притоа, без исклучок, главната констатација е дека „народните избраници независно од партиската припадност едногласни во подршката на Протоклот за членство во НАТО“.
Се потсетува дека Албанија го ратификувала пристапниот Протокол во февруари минатата година и оти е меѓу првите земји што го направила тоа, како добар сосед и пријател.
Се издвојува дел од изјавата на собранискиот спикер Грамоз Ручи кој по изгласувањето искажал задоволство што албанскиот Парламент е меѓу првите парламенти што го ратификува овој документ и оти Македонија поминала низ многу предизвици до овој момент. Се посочува исто така дека „ова не би било можно без политичката волја, храброст и еманципација на Албанците на Македонија“.
Медиумите пренесуваат делови од обраќањата во македонскиот законодавен дом, додавајќи дека Северна Македонја веќе е 30-та членка на Североатланската алјанса зашто останува ратификацијата само од Шпанија.
Дел од нив наведуваат дека Македонија требало да биде примена во НАТО заедно со Албанија и Хрватска, но поради ветото од Грција во спорот за името, тоа го оставрува сега, по потпишувањето на Преспанскиот договор
Ново на Сител
-
Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата
-
Бектеши доби нови 30 дена притвор
-
Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд
-
Паркирањето во општина Центар за велигденските празници ќе биде без наплата, освен затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил
-
Обвинителството тврди дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани
-
Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници
-
Димитриеска-Кочоска: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови
-
Тетовското обвинителство вложи жалба на пресудата за сообраќајна несреќа во која беше усмртена Теодора