Албанскиот парламент го легализираше медицинскиот канабис и покрај жестокото противење во земјата

– Албанскиот Парламент денеска ја легализираше употребата на канабис во медицински цели, потег – кој е силно критикуван од опозицијата, додека Владата верува дека дозволата за ограничено производство на канабис може да ги зголеми даночните приходи.
Парламентот гласаше да дозволи ограничен и контролиран раст на растенијата канабис, иако не беше прецизирано како ќе се регулира медицинскиот канабис.
Одгледувањето марихуана во минатото цветаше во Албанија, каде трговците со дрога го користеја недостатокот на стабилна влада во земјата. Но, по доаѓањето на власт во 2013 година, владата на левичарската Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама го постави уништувањето на растенијата канабис за главна цел.
Во текот на следните две години, беа уништени милиони растенија канабис со проценета пазарна вредност од седум милијарди евра, повеќе од две третини од годишниот бруто домашен производ на земјата во тоа време.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
