Албанскиот Парламент го разреши претседателот Мета
Со 104 гласа „за“ седум против и три воздржани албанскиот парламент попладнево го разреши шефот на државата Илир Мета, што е прв случај во трите деценискот плурализам во земјата.
Во собраниската сала присуствуваа 114 пратеници и сите го остварија правото на глас. Претходно пратениците со еднаков број гласови го изгласаа извештајот на анкената комисија за пркршувањата на уставните надлежности од страна на Мета.
Гласњето беше тајно и по двете прашања соопштувањето на резултатите пратениците го позравија со аплауз.
Парламентот има 140 пратеници, но по откажувањето од пратеничките манадати на пратениците од опозициските Демнократска партија и Движењето за социјалистичка интеграција, пополнети се 122 пратенички места.
Во обемниот извештај од стотина страници, во кој се внесени транскрипти од сите јавни изјави на Мета, неговите објави на социјалните мрежи, пред и за време на изборната кампања, анкетната комисија дошла до заклучок дека претседателот сериозно прекршил 17 члена од Уставот.
Одлуката на законодавнот дом сега оди во Уставниот суд кој треба да се изјасни во рок од три месеци.
Мандатот на Мета завршува на 24 јули 2022 година, до кога,како што во контнуитет вели тој, ќе остане да го брани Уставот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
