Александар (21) го уби својот татко со 22 убоди од нож, неговата мајка го брани поради една работа
Александар Маринковиќ на 10 јануари минатата година на куќниот праг во родното село Глоговица, близу Алексинац, го масакрираше својот татко Срѓан Маринковиќ. Обвинителството смета дека 20 години робија е соодветна казна за ова дело.
-Многу ми е жал и искрено се каам што тоа му го направив на татко ми, кратко рече Александар Маринковиќ (21) кому му заврши судењето за убиството ан Срѓан Маринковиќ (43) извршено на 10 јануари 2016 година.
Александар се товари дека на куќниот праг го убил својот татко дури со 22 убоди од нож.
-За тешко убиство, извршено на подмолен и свиреп начин, соодветна казна бил била 20 години затвор, изјави обвинителот во Вишиот суд во Ниш. Единствена олеснителна околност е фактот дека во моментот на извршувањето на кривичното дело, обвинетиот бил млад полнолетник.
Од вкупно 22 убоди најмртоносен бил оној во срцето кој Александар му го задал на таткото од грб. кога Срѓан паднал на земја, синот во бес го избодел уште 17 пати во градите. Според исказот, трагедијата се случила додека таткото и синот биле во алкохолизирана состјба. Кога Срѓан паднал во локвата крв, Александар се вратил дома, запалил цигара и седнал да се одмори. По доаѓањето на полицијата, Александар детално го опишал целиот случај.
Како мотив за злосторството било наводно сексуалното злоставување на кое бил изложен. Обвинителството смета дека тоа е манипулација за да му се ублажи казната и инсистирало да се оквалификува делото како свирепо убиство.
Адвокатите на младиот Александар изнесоа став дека делото е убиство во афект и за тоа е предвидена казна затовр од една до 8 години.
Изрекувањето на пресудата е на 3 јули.
На главниот претрес присуствувала и мајката Валентина Митиќ, поранешна сопруга на убиениот Срѓан. Таа ангажирала бранители и верува дека Александар го направил злосторството зошто бил злоставуван сексуално од страна на таткото.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени