Александар Вучиќ стапи на должноста претседател на Србија
Александар Вучиќ официјално стапи на должноста претседател на Србија. На церемонијата во палатата „Србија“ во главниот град Белград, присуствуваа околу 5.000 гости, вклучувајќи претставници на повеќе од 60 странски делегации, пренесе ТАСС.
Вучиќ, кој победи убедливо на претседателските избори уште во првиот круг на 2 април, веќе положи заклетва како шеф на државата на 31 мај.
На приемот синоќа беа поканети гости како од Србија, така и од соседните земји, САД, Русија, ЕУ, НАТО и Кина. Вучиќ ги пресретнуваше заедно со својата сопруга Тамара. Ова беше прво јавно појавување за неа, откако роди син на 10 јуни.
Според официјалните податоци, Србија не примила толку многу странски гости од погребот на Тито во 1980 година.
Пред церемонијата, новиот српски претседател беше поздравен од својот претходник Томислав Николиќ.
- Му посакувам да биде подобар претседател од мене, рече Николиќ за Вучиќ.
Во својот говор по повод стапувањето на должност, новиот српски претседател истакна дека неговата земја се гордее со своите традиционални пријателски односи со Русија. - Се наоѓаме ... на патот кон Европа и сакаме да останеме на него, истакна во исто време Вучиќ.
Хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ изрази надеж за обновување на добрите односи меѓу нејзината земја и Србија.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња